Едноставен начин да се ослободите од лоша навика
Можеме ли да се ослободиме од лошите навики така што ќе бидеме љубопитни за нив? Психијатарот Џадсон Бруер ја проучува врската меѓу медитацијата и зависноста -- од пушење до прејадување, па сè до оние нешта кои ги правиме иако знаеме дека се лоши за нас. Научете повеќе за механизмот преку кој се формира навиката и откријте едноставна, но моќна тактика која можеби ќе ви помогне да ја надминете потребата за пушење, грицкање или проверување на пораки додека возите.
