Подводен уметнички музеј, преполн со живот
За скулпторот Џејсон деКаирес Тејлор, океанот е многу повеќе од муза -- тој е простор за изложба и музеј. Тејлор креира скулптури на тема човечки форми и секојдневен животно на копно и потоа ги потопува до океанското дно каде морето ги презема и ги претвора од безживотен камен во енергични живеалишта за корали, ракови и други суштества. Резултатот: Енигматични, прогонувачки и шарени коментари за нашето минливо постоење, светоста на океанот и неговата моќ на регенерација што го одзема здивот.
