Во воздухот лебди една гневна и поделена напнатост која се заканува да ја попречи современата политика. Елизабет Лесер ги разгледува двете страни на човечката природа кои ја создаваат оваа тензија -ги нарекува „мистик“и „воин“. Таа споделува еден личен и едноставен начин како да се започне со дијалог-да се оди на ручек со некој кој не се согласува со вас и да им се постават три прашања за да се открие што всушност има во нивните срца.

